Рекорд во Германија: За еден ден вакцинирани над еден милион луѓе

0
17

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан соопшти дека е постигнат нов рекорд во вакцинирањето – вчера се вакцинирани 1,1 милион луѓе. Властите и експертите претпазливо соопштуваат дека третиот бран на Ковид е закочен.

Нов дневен рекорд во процесот на вакцинирање во Германија – во текот на вчерашниот ден се вакцинирани 1,1 милион луѓе, соопшти министерот за здравство Јенс Шпан. „Првпат за еден ден вакциниравме над еден процент од населението“, рече тој.