Руски амбасадор во Скопје: Планирани 200.000 вакцини Спутник за Македонија

0
15

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин не знае кога ќе пристигнат другите вакцини Спутник V, но тој е убеден дека вакцинацијата на македонските граѓани ќе продолжи непречено и ќе се почитува Договорот потпишан од рускиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство.

За време на денешната посета на Штип, Баздникин истакна дека договорот е потпишан во март и дека 6.000 дози се испратени во земјата.

„Договорот предвидува набавка на 200.000 дози вакцина против коронавирус Спутник В. Оваа сума е потребна за вакцинирање на 100 000 граѓани. До денес, испорачани се 6.000 дози. Во моментов работиме на испорака на други количини на препаратот. „Сакам да ви кажам дека руската страна ќе ги исполни своите обврски од договорот и ќе обезбеди испорака на вакцини во вашата земја“, рече Баздникин.