САД испраќаат 100 милиони долари помош за Индија

0
22

САД ќе испратат медициснки средства и други залихи во вредност од околу 100 милиони долари помош за Индија, за справување со пандемијата со Ковид-19. Од Белата куќа соопштија дека ќе испратат околу 1.000 боци за кислород, 15 милиони маски N95 и милион брзи дијагностички тестови. Најавено е и пренасочување на пратката од милиони вакцини „Астра зенека“ наместо за САД да се пренамени за Индија.

„Исто како што Индија испраќаше помош до САД кога нашите болници имаа проблеми за време на пандемијата, САД се решени да и помогнат на Индија“,

се наведува во соопштение од Белата куќа.

Состојбата со заразата во Индија е катастрофална во последните недели, а земјата не престанува да ги урива црните црните рекорди по бројот на заразени и починати од ковид 19. Во последните 24 часа се регистрирани над 360.000 новоинфицирани, со што бројот на заразени достигна речиси 18 милиони со повеќе од 200.000 смртни случаи. Болниците се преполни и отфрлаат пациенти поради недостаток на кревети и резерви на кислород.

Кислород и медицинска опрема веќе почнаа да пристигнуваат од Велика Британија, а дополнителни резерви се на пат од Ирска, Германија и Австралија.