Само две лица од полошко го прекршиле полицискиот час, 79 лица казнети поради неносење на заштитни маски

0
30

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (15.04.2021/16.04.2021.) за неносење заштитни маски на вкупно 79 лицa (ТЕ-41 ГВ-38 изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје на 73 лица (ТЕ) и на 58 лица (ГВ) изготвени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат, а контроли им биле извршени на ТЕ-423 и ГВ-272 лицa со вакви решенија и при тоа не биле констатирани непочитувања на издаденте решенија за изолација.

Во периодот од 20 часот на 15 април до 5 часот на 16 април 2021 година на подрачјето на СВР Тетово регистрирано е 1 (TE) и 1 (ГВ) прекршување на владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните, односно на полицискиот час.