САЈКОСКИ: УАПСЕНИТЕ ВО АКЦИЈАТА „МАФИЈА“ СЛИКАНИ СО СПАСОВСКИ

0
18

„Аферата „Мафија“ покажува силна вмешаност на највисоките структури од државата во давање на логистика, поддршка и заштита на најсилните мафии, и нарко картели во Европа и пошироко.

И не е само заштита и логистиката од власта на мафијата, туку скандалозно е и самото постапување на МВР на Спасовски по објавувањето на оваа афера.

До овој момент нема ниту една, буквално ниту една објавена потерница по ниту еден од над двестата криминалци, нарко – босови и престапници кои добиле македонски пасош со украден идентитет. Наместо тоа Седат Пекер чија мрежа во Истанбул турската полиција ја апси, во Македонија полицијата на Спасовски го штити. Зошто водачот на Шкаљарскиот клан во Србија лежеше затвор поради таков македонски пасош, а во Македонија со Заев и Спасовски на власт овие луѓе не се викаат ниту на разговор.

Целата афера „Мафија“ се сведе на апсење на неколку државни службеници. А, пипците на мафијата одат погоре.

Затоа денес ќе посочиме две нови работи.

Првата е дека и тие службеници кои се уапсени ги гледаме во друштво на Оливер Спасовски.

Според билтенот на МВР уапсена за овој случај е жена вработена во службата за изработка на пасоши со иницијали Н.З. Токму ова лице во семејна атмосфера го гледаме со прво повиканиот во аферата „Мафија“ Оливер Спасовски што јасно се гледа од оваа фотографија. Значи само кога ќе гребнете по површината сомневањата недвосмислено одат до врвот на власта каде се Зоран Заев и Оливер Спасовски“ – изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.