Се преврте автобус на патот Битола-Кичево

0
19

Автобус кој превезувал работници вработени во тутунска компанија од Битола, за да избегне судир со трактор, излетал од патот и се превртел. Според првичните информации во сообраќајната незгода нема жртви, ниту повредени.

По увидот на местото на несреќата од СВР Битола потврдија дека нема повредени патници.

Очевидци велат дека патниците се извлекле од автобусот без повреди, но биле видно вознемирени.

Сообраќајот на патниот правец Битола-Кичево кратко време се одвиваше на една сообраќајна лента, но сега се нормализира

Несреќата се случила околу 14 часот и 30 минути, на регионалниот пат Битола-Кичево, во близина на селото Драгожани.