Силен земјотрес во близина на грчкиот остров Родос и турското крајбрежје

0
46

Силен земјотрес од 4,9 степени според Рихтер се случи во близина на грчкиот остров Родос, и турското крајбрежје.

Земјотресот бил западно од Родос, на длабочина од 10 километри, а бил почувствуван на островите во близина, како и на турското крајбрежје во градовите Мугла и Фетије.

Ова е нов земјотрес во ова подрачје, откако во изминатите недели се случија потреси со сличен ваков интензитет.