Сонево со мала облачност, од утре пак дожд

0
18

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо. Во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени. Маврово 9, Охрид и Крива Паланка 14, Битола 17, Берово 13, Кавадарци 19, Дојран 21.

Во следните два дена утринските температури на места ќе се спуштат околу нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.