Спасовски: Груевски ќе си носи одговорност за се што има направено

0
27

Поранешниот премиер Никола Груевски ќе си носи одговорност за се што и има направено на оваа држава, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на ТВ21.

– И бегството и азилот и се што започнало има крај и тој ќе излезе пред лицето на правдата, нагласи Спасовски.

Тој потенцираше дека во државава од секогаш имало бегалци, па затоа лани во септември е започната посебна оперативна акција за пронаоѓање на лицата во бегство и за четири месеци се пронајдени повеќе од 400 бегалци по кои имало распишано меѓународни или домашни потерници.

– Никогаш нема бегство од правдата. Каков човек може да бидете ако бегате и ги оставате оние кои што работеле за вас да бидат во судови, затвори и да носат одговорност, а вие да мислите дека ќе избегате. Се ќе си дојде на свое место. Секој ќе си носи одговорност, порача Спасовски.