Спортската сала при Медицинското училиште Никола Штејн во Тетово избрана за регионален центар за имунизација

0
27

Спортската сала при Медицинското училиште Никола Штејн во Тетово избрана за регионален центар за имунизација за населението од полошкиот регион. Моментално се изведуваат активности за приспособување на овој објект за вакцинација на населението.

Се очекува да започне имунизација во текот на наредната недела, откако ќе пристигнат кинеските вкацини. Во процесот на иминузација ќе биде вклучен медицински кадар од повеќе здравствени институции, а се очекува за еден ден да бидат во просек имунизирани над 1500 граѓани од полошко.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи ја посети денес спортската сала каде ќе се врши имунизацијата

Таа ги повика граѓаните масовно да се вакцинираат, затоа што како што рече тоа е единствениот начин да се избориме против невидливиот непријател