Србија доби уште половина милион дози од вакцината на „Синофарм“

0
21

Според Брнабиќ, 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 19 отсто се ревакцинирани
Во Србија утрово пристигна нов контингент кинески вакцини од „Синофарм“.

Контингентот од 500 000 дози беше пречекан на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од премиерката Ана Брнабиќ и кинескиот амбасадор Чен Бо.

Претходно, Брнабиќ објави дека денеска треба да пристигнат уште околу 106 000 дози од вакцината на „Фајзер“.

Во Србија се користат четири вакцини: „Фајзер“, „спутник В“, „Астра Зенека“ и „Синофарм“.

Според Брнабиќ, 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 19 отсто се ревакцинирани.