Стојко Пауновски: „Не сум добил никакво укажување од Владата за моето однесување“

0
32

Според владиниот етички кодекс, функционер се разрешува и ако тој јавно не се согласува со одредена владина одлука. Но, да дојде до негово разрешување, тоа треба да биде иницирано од вицепремиерот Љупчо Николовски, кој е одговорен за следење и спроведување на етичкиот кодекс, а не од премиерот Зоран Заев.

 

…Очекувам да биде даден предлог за негово разрешување. И тоа од Љупчо Николовски“, изјави Зоран Заев.

 

Во случајот со директорот на пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, Заев веќе е решен да го разреши, а Кодексот нуди и поблага мерка. Прашавме во Владата дали Николовски му укажал на Пауновски за однесувањето, но одговор денеска не добивме, ниту од прес службата, ниту вицепремиерот Николовски ни одговори на телефонскиот повик. Ни одговори само Пауновски.

„Немам добиено такво укажување“, рече за Алсат Стојко Пауновски, директор на ДПИ.

Вработените во Државниот пазарен инспекторат го поддржаа нивниот директор Стојко Пауновски. Тие утре до Владата ќе ја достават петицијата со која ќе бараат средба со премиерот Заев, откако тој најави негово разрешување поради пркос и одбивање прераспределба на административците.

ПРЕЗЕМЕНО ОД АЛСАТ М ТЕЛЕВИЗИЈА