Тетовец изградил викендичка без документација, полицијата му поднела кривична пријава

0
17

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.С.(69) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на 2020 година во с.Старо Турчане, гостиварско, на место викано „Оревиште“, во земјиште сопственост на Република Северна Македонија, Ф.С. изградил викенд куќа без соодветна документација. Извршен бил увид на местото на настанот за што е изготвена фотодокументација.