ЖИТЕЛ НА ПОРОЈ НАПАДНАЛ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКАКО ВО НЕГОВИОТ ХАМЕР БИЛ ПРОНАЈДЕН ХЕРОИН И МАРИХУАНА

0
21

При преглед во патничкото моторно возило „хамер“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал жител од тетовски Порој со иницијали А.Б биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона, а при тоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, на А.Б. ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

Ноќеска (13 април), половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот тетовец А.А., кој претходно на улица „Илинденска“ во Тетово, неколку пати со дрон неовластено ги снимал, по што дронот кој далечински го управувал, го спуштил пред неговиот дом на улица „175“ во Тетово. Се расчистува и документира случајот и против него ќе следува поднесок.

Вчера (12 април) од 13 до 18 часот, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на 32-годишниот тетовец М.М. и при тоа одзеле повеќе парчиња разновидна опрема, поради сомнение дека бил инволвиран во кривично дело „повреда на авторски и сродни права“, казниво по член 157 од Кривичниот законик.Тој е повикан во СВР Тетово и се расчистува случајот.

Вчера (12 април ) околу 20 часот и 30 минути, на земјен пат во атарот на тетовското село Одри, полициски службеници на СВР Тетово пронашле трактор „имт 539“ натворен со огревни дрва, кои немале жиг. Тракторот и дрвата се одземени и ќе и бидат предадени на Шумска полиција за натамошна постапка.

Вчера (12 април) околу 15часот на регионалниот пат Гостивар-Градец, на Врапчишки надвозник, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено маскот“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(37) од гостиварска Симница, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Д.А. од гостиварска Горна Бањица и патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б.(62) од гостиварско Дебреше. Во незгодата, сопатничката од возилото „мерцедес“, Н.С.(83) се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.