Стабилизацијата на планинскиот терен кон месноста Бањиче не била предвидена во проектот за проширување и реконструкција на патот

0
33

По расчистување на патниот правец кој води кон месноста Бањиче кој беше затрупан со големи наноси од камења карпи и земја наспрои хидроцентралата, денеска врвулица од народ кон ова рекреативно место. Велат друг избор немаат, оти ова е едно од ретките места во Тетово за одмор и рекреација.

-Па малку е небезбедно има прашина, но немаме друго место каде да прошетаме. Внимаваме кога одиме погледнуваме нагоре така беше и претходно, но сега откако започнаа градежните активности како што кажаа општинските власти за стабилизација на теренот некако е многу пострашно, така изгледа, мислиш цела планина ќе падне врз нас, истакна една жителка

Граѓаните се револтирани. Велат и тоа што го дала природата се уништува.Пред реконструкцијата на патот требаше да се изведуваат градежни активности за стабилизација на планинскиот терен кон месноста Бањиче, истакнаа тетовци

-И дете мало знае дека тука е стрмен теренот и требаше кога го прошируваа и реконструираа патот да ги прават тие каскадни системи или што и да е за да нема ерозивни процеси, а не после тоа. Сега вака една работа направија друга расипија , а на тоа и сме навикнати во овој град, вели еден тетовец кој пешачеше кон Бањиче.

И Геолозите претходно предупредува дека патот се проширува со стрмни косини и требало да се предвиди стабилизација на теренот.

-При реконструкцијата и проширувањето на патот воопшто не била предвидена заштитата од ерозивните процеси. Така утврдил проектантот, сам одлучил на некои места да постави потпорни ѕидови, што се покажа дека не е воопшто доволно. Најголем проблем е што патот се проширува на сметка на планината која се пробиваше со стрмни косини, што предизвика ова подрачје да биде нестабилно, истакна геологот Усеин Багашов.

Од Општина Тетово истакнаа дека ќе продолжат со активности за стабилизација на планинскиот терен преку правење на каскаден систем на стрмните терени, а потоа според нив ќе следува голем проект за целосна стабилизација на теренот