Три физички напади во Тетово

0
14

Вчера во 14 часот, 63-годишен тетовец во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот во дворот пред семејната куќа физички бил нападнат од неговиот брат С.А.(67) од Тетово, а поради нерасчистени имотно-правни односи.Подоцна, С.А. е повикан во Полициската станица Тетово и случајот целосно е расчистен, а на пријавениот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

31 годишен тетовец во СВР Тетово пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово бил физички нападнат од едно лице, извршувајќи службени дејствија како вработен во „Градски паркинзи“. Се расчистува и документира случајот и пријавениот денеска (20 април) ќе биде повикан во Полициската станица Тетово.
….
Дваесет и деветгодишниот тетовец Д.К вчера во 15 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 12 часот и 30 минути на улица „ЈНА“ во Тетово се случила физичка пресметкa помеѓу него и Б.Д.(21) од Тетово. Набрзо потоа, Б.Д. сам се пријавил во Полициската станица Тетово и се расчистува и документира случајот.