Уапсен е Шпанец, кој намерно заразил со корона 22 лица, меѓу нив и три деца

0
18

Маж осомничен за инфицирање на 22 лица со коронавирус е уапсен во градот Манакор, на шпанскиот остров Мајорка, соопшти локалната полиција, пренесува Си-Ен-Ен.

„И покрај тоа што имаше симптоми и беше тестиран, тој го продолжи својот нормален живот без да го чека резултатот од тестот и да оди во карантин“, се вели во соопштението.

Шпанските власти додаваат дека 40-годишниот „дошол на работа со треска од 40 степени Целзиусови и, според неговите колеги, кашлал низ целата канцеларија, ја извадил маската и се заканувал со зборовите:„ Ќе ве заразам сите со корона. ‘

Уапсениот директно инфицирал осум лица, а индиректно 14. Тоа го направил и на работа и во теретаната во која одел, додава полицијата. Три од оние што ги заразил се мали деца, од кои едното имало една година.

Истрагата против уапсениот започнала кон крајот на јануари кога се појавила корона во Манакор.

Во Шпанија се пријавени 3,5 милиони случаи на инфекција со корона од почетокот на пандемијата, а повеќе од 77.500 луѓе починале, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс, пишува Си-Ен-Ен.