Уапсен кичевчанец со 44 пакување хероин

0
18

Полициски службеници од ОВР Кичево попладнево во Кичево на улица „Нико Пушоски“ го лишиле од слобода кичевчанецот З.Б. (39), затоа што при извршен преглед кај него се пронајдени и одземени 44 пакувања хероин, соопштија од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и за настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Кичево, информираат од таму и додават дека по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.