Угостителите бараат дополнување на шестиот пакет мерки

0
17

Угостителите и туристичките работници бараат итна средба со економските министри во Владата на која ќе инсистираат да бидат вметнати нивните потреби во шестиот пакет. Сметаат дека без нивните предлог мерки тој нема да им биде од помош. Дали ќе продолжат со протестите ќе се знае по Велигден. Тие денеска излегоа на нов протест, два часа го блокираа булеварот пред Владата.

На протестот од скоро се приклучија и сметководителите кои бараат поголема финаисиска поддршка.

И од независната угостителска комора доставија иницијатива до НБРМ со која бараат деловните банки делумно да ги отпишат кредитните обврски.

Поради ограничувањата и забраната за работа од туристичко-угостителскот сектор сметаат дека треба да добијат неповратна помош, а од туристичките агенции да бидат вклучени во програмата “Дома си е дома”.

Од Владата уверуваат дека со  естиот пакет ќе бидат помогнати сите кои се најзасеганти. Ќе бидат опфатени 12 сектори со 10 илјади компании во кои работат 60 илјади работници.

Извор сител