Утврдени низа пропусти при изградбата на модуларната болница во Тетово која се уште не е пуштена во употреба

0
23

Извештаи на неколку институции од земјава утврдиле технички пропусти на новата модуларна болница во Тетово наменета за КОВИД пациенти, а која се уште не е пуштена во употреба. По остранување на недостатоците од објектот како што велат од раководството на Клиничката болница Тетово, објектот веднаш ќе биде пуштен во употреба.
На фирмата која ја градеше и поставуваше модуларната болница во Тетово и е даден рок од 5 дена за да ги острани недостатоците. Се работи за инфраструктурни пропусти како нерамен под несодветен приод и слично.

Економскиот директор на Клиничката болница Тетово Артан Етеми очеува да се пушти во употреба Модуларната болница наредната недела откако ќе се постави и централен систем на кислород.

-Од Фирмата која треба да го постави централниот систем на кислород ни истакнаа дека за неколку дена ќе ја поврзат модуларната болница со системот затоа што овој систем е многу блиску, а истиот го има на инфективното одделение кое е веднаш стационирано до модуларната болница, истакна директорот Етеми

Модуларната според најавите требаше да биде пуштена на почетокот од годинава. Истата има капацитет за лекување на 36 ковид пациенти, со што значително би се намалил теретот на посточките објекти на Клиничката болница Тетово каде моментално се хоспитализирани потешки случаи на заразени со коронавирус