Фалат таблици за регистрација на моторни возила во Струмица, МВР потврди дека има застој во испораката

0
22

Околу две недели нема нови регистарски таблици за моторни возила во Струмица. Веста ја потврдија сопственици на новонабавени возила кои одат во Станциите за технички преглед за регистрација на своите возила или пак имаат намера да ги обноват регистрациите по основ на изгубени или оштетени. Од таму им укажувале дека нема нови регистарски ознаки заради што струмичани бараат од МВР под итно да интервенира и да обезбеди таблици за новонабавените, изгубените и оштетени регистарски ознаки.

Од МВР потврдија дека има застој во испораката на регистарски таблици но дека наскоро ќе се реши проблемот имајки во предвид дека била избрана нов економски оператор за таа намена. Како што кажа Тони Ангеловски била потпишана рамковна спогодба со нова фирма без да соопшти кој е нвоиот економски оператор

 

,,Потпишана е Рамковна спогодба која се однесува на регистарски таблици. Избран е нов економски оператор и е можен мал застој поради технички причини во издавањето, но набрзо ќе биде решено,, информираа од МВР

Регистарски таблички МВР досега набавуваше од фирмата Раде Кончар од  Скопје. Во декември 2019 тата беше потпишан договор за една година во висина од 575 илјади евра за испорака на 80 илјади пара регистарски таблици.