Филипче: Болеста е различена од ноември, лекувањето сега трае подолго и повеќе лица се хоспитализираат

0
17

Состојбата во Македонија со болеста е алармантна. Здравствениот систем е преоптоварен, па поради тоа мора да се донесат новите мерки, кои ќе важат од утре, вели министерот Филипче.

Филипче објасни дека формата на болеста е различна од онаа од ноември, и сега има повеќе хоспитализирани случаи, а исто така и таа има некоја форма, која, како што вели, досега не е видена.

„Се соочуваме со бран кој што е предизвикан од мутација, која е различна од болеста и бранот од ноември. Имаме голем број на пациенти кои се хоспитализирани во болниците, лекувањето трае нешто подолго од претходно, и тоа создава дополнителен товар за сите здравствени установи и работници. Сегашните мерки кои беа на сила не дозволија раст, сепак, е огромна бројката на новодијагностицирани, огромен број на хоспитализирани, иако тоа со динамика се акумулира, и сметаме дека празниците може дополнително да ја комплицираат ситуацијата, и не сакаме да дозволиме во продолжение да се случи уште едно оптоварување на здравствениот систем, вероајтно тешко тогаш би можеле да го менаџариме и затоа се овие мерки“