Ходаи: Електронските учебница да бидат алтернатива, а не постулат!

0
20

Лидерот на унијата на средношколци, Бленди Ходаи, на својата денешна прес конференција, во врска со најавите за потполно дигитализирано образование рече дека таквиот начин е чекор во добар правец, но не смее да биде единственото решение.

„Не може нешто да биде обврзувачко за граѓаните, е тие да ги немаат средствата за да го исполнат барањето. Ние сме земја со слаба дигитална мрежа што ни покажа пандемијата и фијаското со настава од далечина. Ако се воведуваат дигитални ученици, апелираме софтверот да биде поквалитетен и да не падне првиот ден, како што се случи со националната платформа скулс.мк“, рече Ходаи.