Хорор во Словенија: Внука ја заклала својата баба, телото го нашол сосед

0
24

Во словенечкото место Берток кај Копар вчера беше убиена 85-годишна жена, а за злосторството е осомничена нејзината 31-годишна внука која е во притвор.

Нешто пред 20 часот маж од Берток ја известил полицијата дека во куќата нашол мртва жена, словенечка државјанка, а смртта на 85-годишната жена ја потврдил лекар.

„Веднаш почнавме со интензивно собирање информации, со што продолжуваме“, вели Дејан Грандич, криминалист од копарската полиција.

„Во текот на ноќта полицијата ја уапси 31-годишната, словенска државјанка, која се сомничи за казнено дело, убиство“, додава, не откривајќи го нејзиниот идентитет. Сепак, медиумите, повикувајќи се на соседите на жртвата, пренесуваат дека се работи за нејзина внука Таа уште не е испитана, но се смета дека ја убила својата баба со нож.

Додека синоќа полицијата ја пребарувала околината, во ѓубрето нашле нож.

Мотивот допрва треба да се утврди.