Шести ден по владината одлуката за забрана за посетители во угостителски објекти, дел од рестораните и кафулињата во Тетово ги затвораат објектите

0
17

Шести ден по владината одлуката за забрана за посетители во угостителски објекти, дел од рестораните и кафулињата во Тетово ги затвораат објектите. Без гости не се работи. Се надеваат на помош, во спротивно ќе мора нашата дејност да мирува, велат сопствениците.

Угостителите велат дека се најпогодени од корона кризата, а моментално не добиваат никаква помош. За нас никој не се интересира. Со најновата одлука и блокадата на петиот пакет економски мерки мораме да го намалуваме бројот на вработени, истакнаа тетовските угостители

Со оваа одлука не можеме да функционираме. Мора да се најде план Б. Трошоците сега ни се исти, се трудиме некако да излеземе на површина, ама не оди работата. И тука да дополнам дека има една голема грешка кога се донесе оваа одлука. Требаше да ни кажат порано за одлуката, затоа што ние постојано обезбедуваме храна, сега што ќе правиме со храната, на кого да му ја послужиме, истакна еден угостител

Од Државниот пазарен инспекторат уште еднаш повторија дека нивните контроли се засилени во однос на новата одлука за забрана на посетители во угостителските објекти.

Министерот за економија Крешник Бектеши, најава грант за за усостителите. Тој ги повика работодавачите да не ги отпуштаат работниците, бидејќи ветената поддршка од државата ќе стигне.

– Моделот по кој ќе бидат поддржани веќе е направен и по консултација со коморите и здуженијата за туризам и угостителство, и наскорр ќе бидат објавени. Веќе е направен моделот како ќе бидат поддржани угостителите, ќе се земат во предвид приходите остварени во првите три месеци годинава и согласно приходите кои што ги оствариле, еден дел од тие приходи ќе ги покрие државата во форма на директен грант за секој угостителски објект кој што е затворен, рече Бектеши.