ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ, КОЈА ЗЕМЈА ВО ПАНДЕМИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО ДЕСЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ ЕКОНОМИИ ВО СВЕТОТ

0
16

Пандемијата ја зафати целата светска економија, туркајќи многу земји во најлошата економска рецесија.

Америка, Кина, Јапонија и Германија продолжуваат да се рангираат во првите четири како најголеми светски економии, додека некои одделни економии напредуваа или опаѓаа на рангирањето како резултат на пандемијата.

Една земја испадна од првите 10, според анализата на CNBC, направена врз основа на економски проекции на Меѓународниот монетарен фонд, пренесува Танјуг.

Американската ТВ станица ги спореди земјите според номиналниот бруто домашен производ (БДП) од 2019 година, изразени во долари, со проценките на БДП за минатата година од извештајот на ММФ.

Номиналниот БДП ја проценува пазарната вредност на сите готови производи и услуги произведени во една економија за една година, но не ги зема предвид трендовите на инфлација и затоа може да ја прецени или потцени реалната економска вредност, се додава во извештајот.

Соединетите држави ја задржаа водечката позиција на списокот на топ 10 економии во светот, при што номиналниот БДП падна на 20,9 трилиони долари минатата година, од 21,4 трилиони долари претходната година.

Наспроти тоа, второпласираната Кина забележа номинален раст на БДП на 14,7 трилиони долари минатата година од 14,3 трилиони долари една година порано.

Јапонија остана трета по големина економија во светот во 2020 година, со БДП проценет на 5000 милијарди долари (5,1 трилиони долари во 2019 година), додека Германија се најде на четвртото место, чија економија задржа вредност од 3.800 милијарди долари.

Индија, петта по големина светска економија во 2019 година, минатата година падна на шестото место, зад Велика Британија, иако споредбените податоци покажуваат дека БДП на двете земји падна од 2,8 трилиони долари пред две години, на 2,7 трилиони долари минатата година.

Седмата позиција се уште ја држи Франција, со номинален БДП од скоро 2,6 трилиони американски долари (2,7 трилиони долари во 2019 година), а осмата е Италија, со вредност на економијата од приближно 1,9 трилиони долари (2 трилиони долари во 2019 година).

Бразил, кој беше деветта по големина глобална економија во 2019 година, испадна од првите десет, давајки место на Канада, чиј минатогодишен БДП беше проценет на 1.600 милијарди (1.700 милијарди долари претходната година).

Јужна Кореја влезе во ранг-листата како 10-та најмоќна економија во светот, со БДП од 1.600 милијарди долари во 2020 година.