170 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Тетово за само 6 часа

Денеска ( 25.04.2021) во времето од 13,00 до 19,00 часот на подрачјето на СВР Тетово е спроведена засилена сообраќајна контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

Санкционирани се вкупно 170 прекршоци, од кои 122 прекршоци од возачи кои возеле пребрзо надвор од населено место и 48 во населено место. 92 прекршоци се на територијата на Тетово, а 78 на територијата на Гостивар. Од нив 34 возачи возеле со дури над 70 километри на час над дозволената брзина, а 107 со дури и над 50 километри на час над дозволената брзина.