19-годишна девојка со Даунов синдром почина во Ковид центарот во Битола

0
24

Почина 19 годишната девојка која вчера со тешка клиничка слика беше хоспиталаизирана во битолскиот КОВИД центар. Станува збор за лице со Даунов синдром и најмладиот пациент кој ја изгуби битката со вирусот во Битола. Од Клиничката болница велат дека девојката била донесена во исклучително тешка сосотојба, со симтпоми на КОВИД, ниска сатурација, но починала само неколку часа по приемот, пред да и биде земен брис за тестирање, поради што се води као суспектен пациент.

Во изминатото деноноќие починале уште две лица од компликации од короновирусот, на 63 и 69 години.

И натаму незапирливо растат бројките на заболени и хоспиталзирани во Битола која е најголемото жарите на заразата во моментот. Во Регионалниот КОВИД центар, за 24 часа примени се 23 пациенти, со што вкупно има 134 заразени на болничко лекување, сите со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Вчера во Битола беа регистрирани 119 позитивни лица, а вкупниот број на активни слуачи во 1149.