20 илјади вакцини на „Фајзер“ ќе дојдат на 19 и 26 април, најави Филипче

Министерот за здравство Филипче најави дека најпрво термини ќе добијат сите граѓани на возраст од 73 и 74 години.

– Во овој момент од вакцината Спутник В кон крајот на денешниот ден ќе останат околу 2.500 вакицни, кажувам приближни бројки на коишто ќе надополниме 2.000 вакцини од Астра Зенека од остаток од 24.000 бидејќи, близу 22.000 се распределени и 1.000 кинески вакцини кои пристигнаа како донација и тоа е од прилика вкупната бројка за вакцинација на граѓаните во Скопје на возраст од 73 и 74 и постари – кажа министерот Филипче во изјавата.

Филипче најави дека во следните два понеделници, на 19 и 26 април ќе стигнат по 10.000 дози од Фајзер, преку дирекниот договор со компанијата.. До крајот на месецот се очекуваат и преостанатите 76.000 вакцини на Астра Зенека од Ковакс Системот, како и пратката со 200.000 дози од кинески Синофарм.

По нивното пристгнување, по принципот на А1 арената, големи вакцинални пунктови ќе се отворат во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, а ќе ги покриваат и околните градови… Засега закажувањето оди преку матичните лекари, кои и понатаму се жалат дека работат во хаотична состојба.

Проблемите се очекува да се надминат со најавента надградба на системот на бев страната „вакцинација.мк“ .. Министерот Филипче рече дека во следните неколку дена ќе има опција известувањата за терминот и местото за вакцинација преку СМС порака.

До сега на сајтот интерес за вакцинирање искажале околу 155.000 граѓани, а Филипче очекува тој да се зголеми со доаѓањето на новите практи вакцини, како и јавната кампања што се подготвува.