29 годишен пешак од тетовско Блаце се здоби со тешки повреди, откако во него удри автомобил мерцедес со косовски ознаки

0
30

Вчера околу 18 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот тетовец Е.М. удрило во 29-годишниот пешак И.С. од тетовско Блаце. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

За време на полицискиот час половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.Ф.(29), 22-годишната Х.Ф. и Х.Ф.(53) од Гостивар, откако претходно Х.Ф.(53) пријавил дека во нивниот семеен дом бил физички нападнат од И.Ф.

Полицискиот билтен евидентираше уште една физичка пресметка

Вчера (18 април) во периодот од 19 часот и 45 минути до 20 часот и 35 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле Н.Х.(35) од Гостивар и Ш.А.(59) и М.М.(51) од гостиварски Равен, а поради сомнение за нивна инволвираност во физичка пресметка на улица „ЈНА“ во Гостивар, која била пријавена околу 19 часот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

На регионалниот пат Сиричино-Желино вчера околу 13 часот и 20 минути, патничко моторно возило „ровер“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 29-годишниот тетовец Ф.Р., изгубило контрола и излетало од коловозот. При тоа, четири сопатници во возилото на возраст од 22, 26, 38 и 53 години, сите од Тетово, со повреди биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.