41-годишен гостиварец физички нападнал сосетка, се обидел да изврши и обљуба

0
24

Вчера (27 април) во 20 часот и 25 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот гостиварец Д.В., кој околу 20 часот во нејзиниот семеен дом физички ја нападнал 61-годишната сосетка, а се обидел и да изврши обљуба.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и се расчистува и документира случајот.