Брутална сеча на шума во Штип: Вандали повторно „оперираат“ во близина на црквата Света Недела

0
24

Нов вандалски чин во Штип, непознати сторители извршиле брутална сеча на дрвја, во населбата Дуизлак во близина на црквата „Св. Недела”. За кратко време, ова е втор инцидент – информира денеска локалната власт.

 

Првиот беше со кршењето на канделабрите, сега со несовесната сеча. Заштитата на животната средина е меѓу приоритетите на нашата општина. На терен од завчера е излезена екипа, која врши увид. Инспектори, радари, шумска полиција, веќе подготвуваат извештај за овој вандалски чин.

Ќе поднесеме соодветна пријава против непознат сторител, а случајот веќе е пријавен во полиција – најавуваат од Општина Штип.

Општина Штип апелира до сите граѓани, доколку некој забележал или ги видел луѓето кои се дрзнале на ваков чин да ги пријават. Вакво вандалски однесување е за секаква осуда и за сторителите нема да има милост – се вели во денешното соопштение.

Нелегалната сеча на шумата се провлекува веќе со години наназад. За ваквото однесување и нелегално продавање на огревно дрво, ММС објави и пред неколку месеци контактирајќи со невладиниот сектор од каде оценија дека ваквиот вандализам е ‘рак рана’ во општеството.

ММС