71-годишник од Скопје доби кривична затоа што се заканувал на Фејсбук

0
18

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.В.(71) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 13.01.2021, пријавениот на „Фејсбук“ од неговиот профил поставил коментар со навредлива и заканувачка содржина, со што поттикнувал омраза, дискриминација и насилство, информираат од МВР.