Google Maps ќе ги насочува возачите кон еколошки патишта

0
49

Во Америка прво излегува опција на Google Maps за пренасочување кон патишта што има најмалку емитување на јаглерод диоксид во воздухот. Се разбира, GPS апликацијата ќе собира податоци од состојбата на патиштата, со цел да се бори против климатските промени.

Новата опција прво ќе биде достапна во САД, а потоа и во остатокот на светот. Стандардната патека ќе ви биде еколошката варијанта кога апликацијата е вклучена, освен ако сакате да ја исклучите. Се разбира, секој ќе има право на избор.