Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, вчера изјавил дека ќе се организира концерт во Белград како еден вид научен експеримент, со цел да се види колку луѓе ќе бидат заразени со коронавирусот, како што беше случајот во Барселона и Холандија.
„Планираме да организираме научен експеримент во Белград под надзор на Републичкиот фонд за здравствено осигурување и Медицинскиот факултет – концерт, еден на отворено и еден во затворено“, рече тој за РТС.
Како што објасни Весиќ, тој експеримент ќе помогне да се организираат концерти во иднина.
Весиќ оцени дека Белград е „најдобар“ во Србија во однос на вакцинацијата и дека не треба да ја „дели судбината“ на другите градови.
„Во петок, на седницата на Кризниот штаб, ќе има четири протоколи поврзани со организација на прослави, семинари, концерти, фестивали и конгреси, бидејќи нема причина да ги нема – туристите на конгресот се најдобри туристи“, тој рече.
Во Белград, додаде Весиќ, недостигаат уште 60.221 вакцинирани за да се достигнат 50% од вакцинираните.
Пунктови за вакцинација ќе бидат отворени во уште три трговски центри – „Бео“, „Галерија“ и „Рајчева“, а автобусот за вакцинација утре ќе биде во општина Грочка, рече тој.