(ВИДЕО) НАЈМАЛКУ ДЕСЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО НАЛЕТОТ НА ДВЕ ТОРНАДА ВО КИНА

Најмалку 10 лица загинале, а повеќе од 300 се повредени откако две торнада го погодија центарот на кинескиот град Вухан и град во источна Кина во провинцијата Џиангсу, објави официјалната новинска агенција Синхуа.

Во Вухан, во централната провинција Хубеи, шест лица се водат за исчезнати, а 41 се во болници откако торнадото ја погоди областа Каидијан, објави Синхуа.

Според новинската агенција, никој од луѓето во болниците не е во животна опасност.

Локалната власт во Вухан соопшти дека „торнадото собори неколку дрвја и конструкции на градилишта“.

Друго торнадо го погоди источниот кинески град Шенгзе во провинцијата Џиангсу, при што загинале 9, а се повредени околу 200 лица, од кои десетина се во критична состојба.

„Силниот ветер ги оштети електричните постројки и сруши неколку фабрички згради во градот Шенгзе“, потврдиле пожарникарите за Ксинхуа.