ВЛАДАТА НАПРАВИ ИСКЛУЧОК, НА ФУДБАЛСКИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА ЌЕ СЕ ИГРА СО ПУБЛИКА

0
107

Во знак на поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која првпат се пласираше на една Европското првенство, Владата на синоќешната седница, одржана преку видеоконференциска врска, донесе Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари.

Како што информира владината Прес-служба, согласно оваа Одлука, подготвителниот натпревар на македонската фудбалската репрезентација со Словенија, кој треба да се одржи на 1 јуни на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе се одигра во присуство на публика, со 30 проценти исполнетост од капацитетот на трибините.

„За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада“, се додава во соопштението.