ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА И СО ТЕСТ ЗА АНТИТЕЛА

epa08520653 A car heading towards Greece at the border crossing 'Evzoni' between North Macedonia and Greece, near the southern city of Gevgelija, North Macedonia, 01 July. Greece reopened the Evzoni border crossing with North Macedonia to EU citizens and from 14 other countries which are on a list approved by EU authorities. All travelers arriving to Greece are required to fill a Passenger Locator Form (PLF) at least 48 hours before check-in. The form is part of the country's planning for protection against the coronavirus disease (COVID-19) pandemic and will allow authorities to create barcodes for travelers so that testing of new arrivals can be targeted. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонските граѓани во Грција може да влезат и со тест за антитела. Ова се новите измени кои ги воведоа грчките власти, а ќе важат до 31 мај. Документот мора да биде преведен на англиски, германски, француски или италијански јазик.

Влезот кај јужниот сосед и натаму е дозволен со приложување на негативниот ПЦР тест, или примени две дози вакцини, но само ако од втората доза се поминати 14 дена. Ова важи и за патниците кои со авион ќе заминат на одмор на грчките острови.

Продожениот празничен викенд ги наполни грчките плажи, пред се со македонски државјени кои после 14 месеци конечно успеаја да отпатуваат на Егејското море. Најголемиот дел од патниците кои вчера влегле во Грција, според информации од граничните служби биле македонски и српски државјани.

Граничниот премин Евзони кој беше затворен цели 14 месеци грчките власти го отворија минатата недела. Од тогаш па до денес преку овој премин влез во Грчките оствариле околу 13.500 патници.