Груби: Рамковниот договор придонесе државата да ја чувствувам за моја

0
1

Охридскиот рамковен договор придонесе државата да ја чувствувам за моја и да се залагам за неа како премиерот Заев и претседателот Пендаровски – рече вицепремиерот Артан Груби на дебатата. Според него, има напредок во сите области, образованието, застапеноста, јазиците, симболите. Договорот е целосно имплементиран во нормативниот дел кој придонесе за нашата европска иднина.

„Охридскиот рамковен договор се перцепираше како договор само за Албанците во земјава, само за правата на Албанците, од денешна перспектива особено од немнозинските заедници гледаме дека правата се однесуваат на сите наши етнички заедници, вклучително и на мнозинската македонска заедница во општините каде што не се мнозинство, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Кичево, Чаир и други општини“, изјави Груби.

Сѐ уште има политички структури во земјава кои се обидуваат Охридскиот договор да го злоупотребат и да го искористат за задржување на власт – вели Дерала од здружението „Цивил“.

„Имате политички структури кои Охридскиот договор буквално го злоупотребуваат за да можат да предизвикаат нетрпеливост меѓу граѓаните на етничка основа па и на верска и таквиот потенцијал да злото да го искористат за да се задржат на власт или пак да стекнат уште повеќе моќ и пари“, изјави Џабир Дерала. претседател на здружението „Цивил“.

„Државата ништо не губи тоа што во мојата лична карта пишува босански јазик и затоа што јас на некоја семејна веселба покрај знамето на државата го истакнувам и моето знаме, времето и Рамковниот договор навистина ги порази деструктивните елемнти на општеството“, смета Џелал Хоџиќ – заменик директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Во наредниот период Груби вели, треба да се направи анкета за да се види перцепцијата на граѓаните од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

МТВ