ДВЕ ЛИЦА БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА УАПСЕНИ ВО ТЕТОВО

Две лица од Тетово барани со потерница за издржување затворска казна утрово се приведени од страна на полициски службеници од Полициската станица Тетово.

На 22 мај 2021 во 7:30 часот од страна на полициски службеници од ПС-Тетово се приведени Х.Ф. од Тетово, кој се барал со потерница за издржување на казна затвор во траење од една ипол година и Л.Б. од Тетово, кој се барал исто така за издржување на затворска казна – соопштија од МВР.

Лицата се предадени во КПУ-Затвор Тетово.