Едно лице избодено во Куманово, пукано и со оружје

Едно лице со убодна рана било пренесено во кумановската болница викендов, а во врска со истиот инцидент било пукано и со огнено оружје.

– На 02.05.2021 во 23.25 часот во СВР Куманово, Е.Ј. од Куманово пријавил дека на ул.„Благој Илиев – Гуне“ имало инцидент во кој учествувал и неговиот брат Е.Ј., при што Б.И.(34) од Куманово пукал со оружје. Полициски службеници излегле на местото и по кажување на Ј.Х.(45) од Куманово, во врска со настанот, тој и Б.И. околу 23.00 часот биле на крстосницата од ул.„Благој Илиев – Гуне“ и „Тоде Мендол“ и во тој моментим се доближило едно лице кое со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на Б.И., информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил пренесен во болницата во Куманово се укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.