Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија во рамки на акцијата „Гнев“, запленија околу 45 килограми марихуана и околу 500 грама кокаин.
Притоа, приведен е Л.Ш. (2001) под сомневање дека сторил кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства и недозволено производство, држење, носење, трговија со оружје и распрскувачки материи.
Полицијата открила шест пакувања марихуана во стан во населбата Филмски град, во подземната гаража. За време на претресите, во друг стан кој го користел Л.Ш. се пронајдени 42 пакувања марихуана, четири пакувања кокаин и импровизирана експлозивна направа.
При претрес на станови што ги користел осомничениот на подрачјето на Белград, се пронајдни фолии за пакување, електронски ваги за прецизни мерења и поголема количина динари и странски пари.