Маж со мачета се шетал низ Скопје

Скопјанец со мачета се шетал по улица во Центар.

Синоќа во 23.15 часот, полицајци на подрачјето на Центар го привеле К.Т.(35) од Скопје, бидејќи кај него е пронајдена мачета, со што сторил прекршок од Законот за оружје. Тој е уапсен и затоа што не го почитувал полицискиот час. Полицијата информираше дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.