Маск: Поради климатските промени, Тесла нема да прифаќа криптовалути

Тесла ја укина можноста за купување на нивните возила преку биткоин поради загриженост за климатските промени, напиша извршниот директор Илон Маск на Твитер.

По оваа објава на Маск, вредноста на биткоинот падна за повеќе од 10%, а исто така падна и вредноста на акциите на Тесла.

Компанијата во март објави дека ќе прифати набавки преку криптовалути, по што наиде на критики од многу екологисти, како и од инвеститори, пишува Би-Би-Си.

“Ние сме загрижени за зголемената употреба на фосилни горива при трансакции со биткоин. Особено сме загрижени за јагленот, со најлоши емисии од сите горива. Криптовалутата е добра идеја, но не смее да предизвикува огромни еколошки проблеми”, напишал Маск .

Тој додаде дека компанијата нема да продаде ниту еден нејзин биткоин и дека ќе ги користи повторно за трансакции штом копањето на тие криптовалути ќе се претвори во поодржлив извор на енергија.

Биткоинот е криптовалута што може да се „копа“ на исклучително моќни компјутери. Оние кои копаат биткоин се натпреваруваат едни со други во решавање сложени математички загатки.

Но, многу големо количество електрична енергија се користи за овој процес, што се добива од фосилни горива. Во електронската рударска сцена доминираат Кинезите кои се одговорни, според неодамнешното истражување, за 75% од биткоинот ископан ширум светот.