Државното обвинителство во Њујорк соопшти дека е отворена кривична истрага против компанија на поранешниот претседател Доналд Трамп, што е чекор напред во однос на тоа што започна како граѓанска истрага.
Државната обвинителка Летиша Џејмс истражува дали организацијата на Трамп лажно пријавувала вредност на имотот со цел да обезбеди заеми и да оствари економски и даночни бенефиции.
Од нејзината канцеларија потврдија дека ја известиле организацијата на Трамп дека истрагата повеќе не е чисто од граѓанска природа, пренесува британската новинска агенција „Ројерс“.

Трамп претходно изјави дека истрагата е диригирана од Демократската партија и дека е политички мотивирана.
Одвоено, обвинителот од округот Менхетн, Сајрус Венс го истражува работењето на Трамп, а неговата канцеларија соопшти дека истражува можно опсежно и долготрајно криминално однесување во компанијата на Трамп, вклучувајќи измами околу даноците и осигурувањето.
Извор Точка