Приведени три лица од гостиварско, запленет хероин

На 10.05.2021 околу 15.30 часот во атарот на гостиварското село Врапчиште, од страна на полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода О.Б.(39) од гостиварска Долна Бањица, 38-годишната гостиварка В.С. и А.М.(52) од с.Врапчиште.

При нивен и преглед на возилото „опел вектра“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.Б., во кое В.С. и А.М. биле сопатници, им бил пронајден хероин.

Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ денеска (11.05.2021) ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.