ТЕПАЧКА МЕЃУ НАВИВАЧИ ВО БЕЛГРАД, УАПСЕНИ 130ЛИЦА

За време на прославата на 32-та шампионска титула на ФК Црвена звезда, синоќа дојде до општа тепачка меѓу навивачи на клубот и симпатизери на Партизан.

Повеќе од 130 лица, главно навивачи на Црвена звезда, биле уапсени по тепачка која се случи во близина на салата „Бетон“ во Белград, изјави за РТС српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.

„Повеќе од 130 прекршители се приведени. Имотот и заштитата на секој граѓанин и гостин на Белград ќе бидат загарантирани. Ова нема да се повтори“, изјави Вулин.

Немирите се случија во саботата на 22 мај за време на прославата на титулата на фудбалскиот клуб Црвена звезда чии навивачи се судрија со обезбедувањето кое се состоеше од навивачи на Партизан. Хулиганите кршеа инвентар, а уплашените гости се криеја во рестораните.

Министерот за внатрешни работи исто така рече дека лицата вклучени во тепачката во близина на салата „Бетон“ заслужуваат најстроги можни казни.

„Полицијата добро ја заврши својата работа. Следните чекори се во рацете на судството“, рече Вулин.

Брзата помош ги испратила екипите на местото на тепачката, каде две лица биле полесно повредени и пренесени во Ургентниот центар, јавува РТС.