Тројца Косовари завршија трагично, откако се затруле со печурки во Албанија, обвинети и докторите за небрежност

Празниците во Албанија за семејство од Косово се претворија во трагедија. Елфете, Африм и Ферзиназе Халити додека беа на одмор во Драч ги загубија животите, откако се затруја се печурки

Тројца членови на семејство од Гњилане излегле сами да соберат печурки во шумата во област во близина на плажата во Драч, Неколку часа подоцна биле однесени во најблискиот здравствен центар каде добиле прва помош.

 Потоа се вратиле во нивниот стан во заливот кај Драч, но откако им се влошила здравствената состојба, тие биле испратени во болницата во Драч. Поради влошената состојба, тие биле пренесени во Тирана, каде ги загубиле животите.

Во врска со овој случај обвинети се двајца лекари од здравствениот дом од околината на Драч за несовесно лекување.

„Нешто што загрижува и е неподносливо за нашето семејство е небрежноста, недостатокот на соодветен третман во Здравствениот дом во областа Драч. Тројца пациенти да одат со ист симптом и да се вратат дома пешки, со лекови, верувам дека не треба така, без тестови, без лекарски прегледи, без никаква посветеност. Телефонски го контактирав починатиот Африм. Ми рече дека бил во болница. Поминале само со еден серум и го ослободиле ,истакна член на семејство на отруените