Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Добрата вест, како што вели Филипче, е тоа што на 14 месецов во земјава ќе пристигне втората пратка вакцини обезбедедни преку КОВАКС механизмот, односно Македонија ќе добие уште 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека.