Австралија заостри мерки: Испраќа свои граѓани во затвор 5 години по враќањето од Индија

0
20

Во Австралија, новите правила важат од понеделник за сите граѓани кои биле во Индија последните две недели, каде беснее епидемијата на коронавирус.

Тие ќе добијат парична казна или затвор доколку се вратат во земјата, објавија медиумите.

Правилата за забрана за влез во Австралија за патниците од Индија, вклучително и австралиски државјани, ќе стапат на сила од понеделник, а првата ревизија ќе биде на 15 мај.

Австралискиот министер за здравство, Грег Хант, доцна во петокот објави дека секој што ќе се обиде да ги заобиколи новите правила, ќе добие парична казна од над 50 000 УСД, пет години затвор или обете.

Околу 9000 Австралијци во Индија пријавиле дека сакаат да се вратат.

Министерот за здравство се осврна на овластувањата од Законот за биосигурност кога воведе нови мерки, истиот закон што беше основа за затворање на границите, пишува Гардијан.

Во саботата, австралискиот министер за финансии Јос Фриденберг ги отфрли критиките дека е „неодговорно“ да се оставаат австралиски граѓани во Индија, во време кога земјата се соочува со глобален рекорден број на нови инфекции, голем број смртни случаи и недостаток на медицинска опрема , вклучувајќи кислород.

„Презедовме драстични мерки за да ја осигураме безбедноста на граѓаните, а она што го гледаме во Индија е многу сериозна ситуација, а медицинскиот совет даден на владата е да се воведат овие мерки за заштита“, рече Фриденберг.

„Го следевме советот на лекарите“, рече тој.